ИСТОРИЈАТ

1957
Почетоците на БИМ Свети Николе се од далечната 1957 година кога во состaвот на рудникот Богословец пуштено е производство на битуменски мешавини.
1962
Во 1962 година пуштено е производство на хидроизолациони ленти, битуменски маси, емулзии и разредени битумени. Од тогаш фирмата настапува како самостојна организација и бележи континуиран развој.
1977
Нов период во својот растеж фирмата бележи од 1977 година кога е пуштена потполно нова линија за производство на битуменски хидроизолациони ленти набавена од производителот Dr. Reiser од Германија. Во исто време купена е лиценца за производство на еластомерни ленти од фирмата “MEYNADIER” од Швајцарија при што бевме први производители на еластомерни ленти со заштитен знак - Бикутоп - во тогашна Југославија. Истата година пуштен е во употреба нов погон за оксидација на битумени, погон за конфекционирање на индустриски битумен во пластични вреќи, погон за битуменски маси, погон за разредени битумени, пасти и китови, како и погон за производство на битуменска емулзија.
1988
Значаен сегмент во развојот на полимерните битумени започнува од 1988 година кога во производство се пуштени поголем број на нови производи како ладна паста Бимизол, Полимерни китови, Маса за фуги, Бикумаса-М и многу други производи.
1998
Посебен придонес при изградба на патиштата БИМ даде со производство на полимер модифициран битумен (ПмБ) за патишта кој се произведува од 1998 година. Во тој период БИМ беше меѓу првите производители на ПмБ на Балканот.
2013
Водејќи се од идејата дека мораме постојано да се модернизираме и да го унапредуваме нашето производство за што зборува и постојаниот пораст во асортиманот на производството, во 2013 година направена е реконструкција и модернизација на постојната линија за хидроизолациони ленти и производство на ПмБ. Реконструкцијата и модернизацијата ја изврши фирмата Boato од Италија, а истовремено е монтирана и опрема за производство на други типови на ПмБ за патишта како што е Elvaloy.

За БИМ АД Свети Николе

БИМ АД Свети Николе е фабрика за производство на хидроизолациони материјали на база на битумен основана во 1957 година во Македонија. Компанијата располага со богата и развиена програма од над 280 различни производи, кои ја наоѓаат својата примена во сите сегменти на градежништвото – како во нискоградбата, така и во високоградбата. Асортиманот опфаќа битуменски хидроизолациони ленти, полимер модифицирани битумени, битуменски маси, разредени и оксидирани битумени, разни видови пасти и китови, битуменски емулзии, битуменска шиндра и низа други специјализирани производи.
По потреба на клиентите, БИМ АД развива и специјални производи со посебен квалитет и намена, целосно прилагодени на специфичните барања на пазарот.

Компанијата располага со склад за битумен со капацитет од 3.500 тони, како и со затворен магацин за сите типови битуменски сировини и финални производи, што овозможува голема флексибилност, континуитет во работа и навремена испорака.

Особено значајна компонента во стратегијата на БИМ АД е развојот и иновациите.

Компанијата континуирано инвестира во нови технологии и во создавање производи кои ги следат современите пазарни трендови и ги задоволуваат растечките потреби на градежната индустрија. Повеќето иновативни решенија се развиени во рамки на сопствена лабораторија.

Иноваторството е длабоко вградено во корпоративната култура на БИМ АД. Компанијата и нејзините инженери се носители на бројни признанија:

  • Во 1994 година БИМ АД доби Повелба за иноваторство на 14-та изложба за иновации во РМ;
  • Во 1995 година дипл. инж. Стојанче Стојанов, денешен претседател на Одборот на директори, доби Диплома за особени резултати во областа на иновациите од Стопанската комора на Македонија;
  • Во 2005 година тој беше прогласен за Менаџер на годината, а во 2014 доби Благодарница од Друштвото за патишта.

БИМ АД поседува сертификати за квалитет од домашни и меѓународни институции. Во 1998 година е воведен стандардот ISO 9001, а во 2017 година компанијата ги сертифицира своите производи според европските стандарди и го доби престижниот CE знак, со што стекна право за нивна примена на сите пазари во Европската унија.

Во август 2022 година БИМ АД реализира значајна инвестиција во современи постројки за производство на полимер модифициран битумен (ПмБ) и битуменска емулзија, со што значително го зголеми производствениот капацитет.

Како извозно ориентирана компанија, БИМ АД најголемиот дел од своето производство успешно го пласира на странските пазари. Производите на БИМ се вградувани не само низ цела Македонија, туку и во Австрија, Албанија, Бугарија, Грција, Ирак, Либија, земјите од поранешна Југославија (Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска), Полска, Романија, Русија, Украина, Чешка, Швајцарија, Израел и во други држави.

Покрај производните активности, БИМ АД Свети Николе е и општествено одговорна компанија. Континуирано вложува во развој на локалната заедница преку поддршка на спортски клубови, верски објекти, културни манифестации, научни трудови, семинари, конгреси, како и помош за лица со здравствени и социјални потреби. Со оваа општествена ангажираност, БИМ АД го потврдува својот силен стремеж да биде активен партнер во развојот на општеството.

Icon

НАШАТА ВИЗИЈА

Нашата визија е стабилна и одржлива организација, која се потпира врз сопствени технолошки решенија и знаења, препознатлива по своите производи.
Icon

НАШАТА МИСИЈА

Нашата мисија е да ги задоволиме потребите на заедниците од Балканот за квалитетни хидроизолациони материјали и материјали за изградба на патишта. Обезбедуваме решенија со минимален трошок и висока ефикасност, водејќи сметка за одговорност кон купувачите, општеството, животната средина и сопствените професионални стандарди. Стремиме кон континуирано унапредување, технолошки развој и создавање производи што придонесуваат за сигурна инфраструктура и одржлив развој на заедниците што ги опслужуваме.

СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ

Контакт