Анјонска битуменска емулзија/Битуменски емулзии/Битуменски производи за патишта
АПР – 56

АПР – 56

 Флуксирана анјонска полустабилна битуменска емулзија

Опис на производ Хомоген дисперзен систем, без цврсти примеси, составен од битумен и флуксно масло дисперзирани во вид на ситни честички во вода, која што содржи соодветно анјон- активно емулгирачко средство.
Стандард МКС 1018
Температурен опсег:
Намена: Се употребува како врзувачко средство за ладни асфалтни мешавини, кои што се користат за крпење на дупки на патни сообраќајници од втор ред, а во зимски период се врши санирање на ударни дупки и на патишта од прв ред, но како привремено решение.
Вградување: Се вградува по ладна постапка во мобилна мешалка или на асфалтна база. Асфалтната мешавина пред употреба се складира за да дојде до целосно распаѓање на битуменската емулзија, односно целосно испарување на водата и формирање на битуменски филм околу зрната на агрегатот. За обвивање на камениот агрегат оптимална потрошувачка е 8-10%.
Амбалажа: Во лимени буриња, пластични канистри или автоцистерни.
Контакт