Битуменски емулзии/Битуменски производи за патишта/Полимер-модифицирана битуменска емулзија ПМБЕ
ПмБ КН – 60
Полимер – модифицирана катјонска нестабилна битуменска емулзија
| Опис на производ | Хомоген дисперзен систем, без цврсти примеси, составен од полимер-модифициран битумен дисперзиран во вид на ситни честички во вода, која што содржи соодветно катјон-активно емулгирачко средство. |
| EN Стандард | EN 13808 |
Намена:
Се употребува како сврзувачки слој помеѓу асфалтните слоеви во коловозните конструкции каде асфалтната мешавина е со полимер-модифицран битумен. Додавањето полимер ги подобрува адхезивните својства на битуменот, обезбедува поголема лепливост и цврста врска помеѓу асфалтните слоеви.
Вградување:
Рамномерно се нанесува со прскање на сува, чиста површина на асфалтниот слој. Вградувањето не треба да се врши на температури под +5°С.
Амбалажа:
Во лимени буриња, пластични канистри или автоцистерни.