ХИДРОИЗОЛАЦИЈА НА МОСТОВИ СО ПОЛИМЕР-МОДИФИЦИРАНИ БИТУМЕНСКИ ЛЕНТИ

Една од главните причини за оштетување на бетонот и вградената арматура или челичната конструкција на мостовите и другите патни конструкции, е таа што во текот на експлоатација тие се изложени на различни влијанија. Најбројни се оштетувањата од продирањето на вода од врнежи, вода која што содржи минерали и дејствува како агресивна средина, како и други хемиски и физички влијанија.

Сите овие негативни влијанија најчесто се појавуваат како резултат на недостаток или губење на цврстината на врската помеѓу хидроизолацијата со подлогата или хидроизолацијата со асфалтниот слој. Затоа неопходно е сите овие влијанија да се предвидат и да се земат во предвид во тек на проектирање на мостовите преку избор на квалитетен систем на хидроизолација.

Битуменска хидроизолација од систем на полимер-модифицирани битуменски ленти како техничко решение има голем век на траење, доколку проектирањето, изборот на материјал, постапката на вградување и контролата на квалитетот се стручно направени. Добрата врска помеѓу бетонската подлога и битуменската лента, припремата на подлогата и начинот на вградување на лентите, како и асфалтниот слој е од суштинско значење за добри оперативни перформанси на коловозните плочи на бетонските мостови

ВИДОВИ НА БИТУМЕНСКИ ЛЕНТИ И EN СТАНДАРД ПО КОЈ СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ

Денешниот модерен процес на производство на полимер-модифицирани битуменски ленти се основа на мешавини од битумен,полимер и филер, кои се импрегнираат во влошка која ја армира битуменската лента. Во производството воглавно се користат два типа на полимер-битумени: SBS – битумен модифициран со еластомери и APP – битумен модифициран со пластомери. Како влошка за ојачување се користи најчесто полиестерски филц или стаклена ткаенина.

Битуменските ленти кои служат за хидроизолација на мостови се произведуваат според европски стандард EN 14695, и покрај тоа што имаат посебно декларирани својства кои мора да се задоволат, специфично за нив е тоа што на горната страна се заштитени со ситен посип од песок/талк, чие својство е да ја направи лентата поотпорна на висока температура во момент на асфалтирање над неа, односно кога поминува финишер. Од долната страна се заштитени со ПЕ фолија која што е лесно согорлива. Се произведуваат воглавно во две варијанти со дебелина од 4 и 5 мм, а некои производители имаат и варијации, на пример со дебелина од 4,5 мм и сл.

Производите на БИМ АД Свети Николе

БИМ АД произведува полимер-модифицирани битуменски ленти за хидроизолација на мостови, според стандардот EN 14695 за што има CE знак и е сертифицирана компанија од нострифицирано тело од Европската унија. Производите се под името БИКУТОП МОСТ и БИМПЛАСТ МОСТ. БИКУТОП МОСТ е еластомерна, а БИМПЛАСТ МОСТ пластомерна битуменска лента. И двете се во варијанти со дебелина од 4 и 5 mm, и влошка од полиестерски филц или стаклена ткаенина.

Контакт