Полимер-модифициран битумен ПмБ претставува мешавина на природни или синтетички полимери и битумен. Во Европа најзастапен полимер кој се користи за изработка на ПмБ е термопластичниот полимер SBS. ПмБ се користи во асфалтни мешавини од кои се изработуваат коловозни конструкции како:
и се карактеризираат со:
БИМ а.д. Свети Николе произведува ПмБ според Европски стандард EN 14023, под комерцијално име ПОЛИБИМ
Битуменска емулзија е емулгиран течен битумен, со кафеава боја добиен со мешање на битумен и воден раствор на емулгатор. Според емулгаторот емулзиите можат да бидат катјонски или анјонски, a според индексот на полнење нестабилни, полустабилни или стабилни.
Основна функција на емулзијата е поврзување на слоеви при изградба на патишта, а се користи и како хидроизолација.
БИМ а.д. произведува:
Денешниот модерен процес на производство на полимер-модифицирани битуменски ленти се основа на мешавини од битумен,полимер и филер, кои се импрегнираат во влошка која ја армира битуменската лента.
Во производството воглавно се користат два типа на полимер-битумени: SBS – битумен модифициран со еластомери и APP – битумен модифициран со пластомери. Во зависност од тоа со каков полимер се, лентите можат да бидат еластомерни (SBS) или пластомерни (APP), или комбинација еласто-пластомерни битуменски ленти.
Како влошка за појачување се користи најчесто полиестерски филц или стаклена ткаенина. Битуменските ленти кои служат за хидроизолација на мостови се произведуваат според европски стандард EN 14695.
Според EN стандардот БИМ а.д. произведува полимер-модифицирани битуменски ленти за хидроизолација на мостови под името БИКУТОП и БИМПЛАСТ МОСТ. БИКУТОП МОСТ е еластомерна, а БИМПЛАСТ МОСТ пластомерна битуменска лента. И двете се во варијанти со дебелина од 4 и 5 mm, и влошка од полиестерски филц или стаклена ткаенина.
Полимер-модифицирани битуменски маси се хомогени смеси од битумен и филер кој што е модифициран со еластомер SBS. Се вградуваат со топење по топла постапка, а се користат за залевање на асфалтни бетонски споеви, фуги, пукнатини, дилатации и сл.
Се карактеризираат со голема издржливост, еластичност и отпорност на стареење.
БИМ а.д. произведува полимер-модифицирани битуменски маси според EN 14188-1.
Градежен (патен) битумен е најпопуларниот вид врзно средство за асфалт-бетонски мешавини, наменети за поставување на коловозни површини со употреба на топла метода.
Освен што се применува за изработка на коловозни конструкции, исто така служи како суровинска база за индустриско производство на материјали за патиштата како што се битуменски емулзии и разреден битумен. Покрај ова, битуменот за патишта се применува и во индустриското производство на хидроизолациски материјали.
БИМ а.д. произведува градежен битумен според EN 12591.