БИМ АД Свети Николе произведува над 140 видови на битуменски ленти, кои се делат на неколку групи во зависност од видот на битуменската маса, типот на влошката (носач) и заштитата.
Според видот на битуменската маса со која се произведени и типот на полимери во неа се делат на:
Според видот на влошката (носач), се класифицирани како:
Битуменски ленти со влошка од aлуминиумска фолија, aлуминизиран стаклен воал или полиестерски филц:
Според видот на заштитата,се класифицирани како:
Битуменски ленти со заштита од:
Битуменските хидроизолациони ленти како хидроизолациони системи се користат во голем дел од градежништвото. Во високоградбата за подземна хидроизолација на темели, како надземна хидроизолација на рамни проодни и непроодни кровови, зелени кровови, тераси. Во ниско градбата како хидроизолација на ралични патни сегменти, мостови, вијадукти, пропусти, тунели и сл.
Битуменските хидроизолациони ленти се вградуваат со заварување по целата површина, со помош на специјални пламеници, бренери, кои што дуваат пропан-бутан гас под висока температура. Лентите се заваруваат за подлогата која што претходно се премачкува со разреден битумен – прајмер, со меѓусебен попречен и подолжен преклоп од мин. 10 cm. Попречните преклопи во секој нареден ред на лентите се поместува за мин. 50 cm од соседниот.
Во случаи на рамни кровови или други позиции каде што има нагиб на подлогата, секогаш лентите се поставуваат од најниската спрема највисоката точка со цел да се запази природниот пад на подлогата – водата.
Во случаи каде што е предвиден двослоен систем на хидроизолација, лентите од вториот слој се поставуваат така што подолжните преклопи од првиот слој да бидат на средина од лентата од вториот слој.